20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрчанец: Надежта носи резултати. Некои од нив суштински, некои симболички, а некои со директно влијание врз животот на секој од нас

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец:

🇲🇰 Надежта носи резултати. Некои од нив суштински, некои симболички, а некои со директно влијание врз животот на секој од нас. Сите промени заедно носат безбедност, слобода, мир, инвестици и повеќе пари кај луѓето.

Големите промени нека ни бидат мотивација да работиме сите на нови помали и поголеми успеси. Секој ден ќе биде подобар од претходните зашто имаме јасна мнозинска воља дека сакаме да одиме напред, а нашите пријатели од демократскот свет ни подадоа рака и велат Ајде!

Ова е нашата нова заедничка реалност, до овде не донесоа Надежта, Вербата и Љубовта кон подобар живот:

* Најниска невработеност до сега во земјава, како резултат на 50 илјади нови вработувања во последните две години – наместо пад на невработеноста заради иселување.

* Социјална помош зголемена за 300%, како една од главните мерки против сиромаштијата – наместо игнорирање и изборно манипулирање на ранливите групи.

* Мирен живот меѓу различните заедници – наместо тензии, конфликт и стравови од војна.

* Стануваме членка на НАТО, стратешка цел на нашите генерации – наместо тридецениска изолација и деградација.

* Слобода на мисла, на критика и на медиуми – наместо режим, диктат и заробена држава.

* Мој ДДВ, евтина тарифа на струјата, намалени такси на извршители, покачена минимална плата, директна стимулација за повисоки плати во приватен сектор – враќање пари кај граѓаните, наместо грабање пари од граѓаните.

* Масовна градежна офанзива, изградба на патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици – наместо барок офанзива на фасади и споменици.

🔜 Голема надеж за почеток на преговори со ЕУ.