Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Квотите за лекови на рецепт од денеска заминуваат во историјата

-Квотите за лекови на рецепт од денеска заминуваат во историјата. Го исполнивме ветувањето и ги укинавме квотите за лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување, изјави денеска Мери Лазарова, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека граѓаните сега можат да го подигнат потребниот лек од која било аптека, кој било ден од месецот, и нема потреба да прават „домашни аптеки“.

-Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт го решвме деценискиот проблем со недостиг на лекови, турканиците кај матичните лекари и во аптеките на почетокот на секој месец. Со оваа мерка, истовремено се зголемуваат контролните механизми при издавањето на лековите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување и се елиминира можноста од злоупотреби и криминал преку издавање фиктивни рецепт, рече Лазарова.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент во Скопје: Двајца се пресметале во двор на болница

ДЕСК

Пожар во обложувалница во Кисела Вода: Брза интервенција спречи поголема штета

ДЕСК

Драма во Куманово: Приведен 26-годишник по закани и демолирање на објект

ДЕСК