Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Без струја делови на Сарај, Аеродром, Чучер Сандево и Шуто Оризари

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот во град Скопје поради што без струја ќе останат делови на Сарај, Аеродром, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

Без струја во периодот од 9.30 до 12 часот ќе бидат корисниците на дел од Момин Поток (општина Карпош), корисниците на дел од село Бојане (општина Сарај), од 13 до 15 часот корисниците од улицата Кресна (општина Аеродром), од 8.30 до 15 часот корисниците на дел од улицата Призренска 2 во Кучевиште, викенд-населбата, патот кон Бањани (Чешма), дел од улицата 22 (општина Чучер-Сандево) и од 9 до 14 часот корисниците од улицата Хаџи Јован Шишков (општина Шуто Оризари).

Можеби ќе ве интересира

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК

УЈП и МЗ: Одговорно управување со јавниот имот во функција на здравствениот систем

ДЕСК

Исмаил: ДПМНЕ ги претвори брзите кредити во бизнис со сиромаштијата – 48 милиони евра нови задолжувања за само шест месеци

ДЕСК