Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Владата реално ја придвижи економијата

Клучните економски параметри покажуваат реално и вистинско придвижување на економијата, велат од владејачката СДСМ од каде додаваат дека доказ за тоа е успешноста на развојните економски реформи на Владата.

„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство за август 2019 година бележи раст од 9,8 отсто во однос на август минатата година. Реалните економски политики на Владата овозможија растот на индустриското производство да биде постојан и да биде најголем во последните седум години“, се наведува во партиското соопштение.

Во него се истакнува дека покрај растот на индустриското производство, раздвижена е целата економија.

„Минималната плата се зголеми, а со Ребалансот на буџетот за 2019 година, предвидени се 400 милиони денари за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за компаниите кои ќе ги зголемата платите на своите работници до 6.000 денари“, нагласуваат од СДСМ и додаваат дека ова се само дел од официјалните податоци кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК