24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Продолжува „метлата“ на Заев – кои се разрешените и новоименуваните функционери

На последната седница на Владата била донесена одлука за утврдување на престанок на функциите на повеќе лица и истовремено именува нови функционери, објави „еМагазин“.

Како што пишува порталот, на Горан Николовски е разрешен од функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, орган во состав на Министерството за внатрешни работи.

Владата го разреши Миљазим Мустафа од должноста член на Комисијата за организации со статус од јавен интерес од Министерството за правда.

Татјана Васиќ Бозаџиева е именувана за член на Комисијата за организации со статус од јавен интерес од Министерството за правда.

Владата го разреши Миљазим Мустафа од должноста член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, од редот на вработените во органите на државната управа.

Валентина Шаурек е назначена за член на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, од редот на вработените во органите на државната управа.

Владата ја разреши Милица Андонов од должноста член на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, а Александра Спасевска е именувана за член на Управниот одбор на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.

Арбен Зибери е разрешен од должноста вршител на должноста заменик на директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија-Скопје, а Беким Мурати е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија-Скопје.

Владата го именува Есат Шаќири за член на Управниот одбор од редот на афирмирани и стручни лица на ЈП „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Орхан Рамадани е разрешен од должноста член на Управниот одбор-претставник на основачот на Државниот студентски дом „Скопје“-Скопје, а на негово место го именува Бајрам Махмути за член на Управниот одбор-претставник на основачот на Државниот студентски дом „Скопје“-Скопје.

Владата го разреши Милан Запровски од должноста вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за земјоделство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а го именува Зоран Шапуриќ за вршител на должноста директор на Државниот инспекторат за земјоделство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и истовремено му утврди коефициент за пресметување на плата.