14. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Промоција на „Нови драми“ од Томислав Османли

Во Салонот 19,19 денска ќе се одржи промоција на книгата „Нови драми“ од Томислав Османли во издание на ВиГ „Зеница“. Книгата со двете најнови драмски творби на македонскиот прозаист и драматичар ќе ја претстават: издавачот и писател Глигор Стојковски, посебно обраќање ќе има книжевникот Ристо Лазаров и, како главен говорник на промоцијата, академикот Ферид Мухиќ.

Дијалозите од пиесите ќе читаат актерите Филип Кипроски и Јана Пауноска.

Книгата на Османли содржи две пиеси, една со историска и другата со современа тема. Станува збор за неговите најнови драмски текстови „Нишала од злато“ која се случува во Охрид од раниот 19 век, а е посветена на темите на страста, моќта, суровоста, гордоста и одмаздата во мултикултурата на Балканот; и пиесата „Враќање дома“, која говори за етичката и општествената амнезија на традиционалните ведности, еден од мотивите кои ги тераат младите да ја напуштаат земјава…

Објавувањето на книгата „Нови драми“ е поддржано од Министерството за култура.

Можеби ќе ве интересира

Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на „Преку езерото“: Сознанието дека глумата е нешто што е вистинско, што е стварно, е голем товар за понатамошно занимавање со оваа професија

ДЕСК

„Со книга на плажа“ – голем интерес и кај младите: Македонија и натаму има вистински читатели

ДЕСК

„Убавината на скршените нешта“: книга која ги расплакува читателите… но воедно и им ја враќа вербата.

ДЕСК