Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претрес во домот на 48 годишно лице, полицијата пронашла марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 48 годишник од струшкото село Заграчани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 04.07.2019 полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле марихуана, стебла од растението Cannabis и 18 патрони за ловна пушка кои нелегално ги поседувал.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +