Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кировски: Опозицијата малку да има осет – Денешниот протест им го предводи осуден криминалец – за финансиски криминал кој ја призна вината

Фејсбук статус на Атанас Кировски, уредник на Телма:

Опозицијата малку да има осет, да не прави самата пародија од -инаку фината идеја за одбрана на правото на новинарите. Денешниот протест им го предводи осуден криминалец – за финансиски криминал кој ја призна вината. Згора на тоа, во малкуте луѓе на протестот- присутен е дечкото од УМС на ВМРО-ДПМНЕ кој плукаше новинари -заради тоа што размислуваат поинаку од неговата партија. И потоа некој треба да верува дека се залагаат за принципи. Притоа, оние кои денес протестираа, му се ситеа на колегата Кежаровски кога го апсеа и влечкаа по затвори и судови. Во целата папазјанија која ја прават, и да сака човек да поддржи новинарски права како принцип -не може !

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК

Акциска контрола на Мобилната единица, изречени се 39 мерки, едно лице е лишено од слобода и одземено е едно возило

ДЕСК