23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Премиерот Заев се обрати на Дијалогот на лидерите на Самитот за целите за одржлив развој: Наша примарна одговорност е да го обезбедиме својот пат за остварување на Целите за одржлив развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска се обрати на Дијалогот на лидерите, во рамките на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-тото Генерално собрание на ОН.

Во своето обраќање премиерот Заев потенцираше дека усвојувањето и имплементацијата на универзалната и трансформативната агенда за одржлив развој е од исклучително значење во свет на промени толку длабоки и брзи што ниту една земја не може да застане сама.

„Агендата за одржлив развој од 2030 година го препознава ова и обезбедува корисна универзална рамка за зајакнување на колективното дејствување кон заедничките цели и предизвици. Заедничкиот просперитет и исполнувањето на нашите меѓугенерациски одговорности може да се постигне само преку заедничко партнерство кое ги вклучува сите земји и сите засегнати страни“, истакна премиерот Заев во својот говор посветен на Целите за одржлив развој 2030 на Обединетите нации, и го информираше форумот на кој присуствуваа голем број шефови на влади и лидери дека Владата на Република Северна Македонија преку Националниот совет за одржлив развој ја потврди заложбата за спроведување на Агендата на Обединетите нации 2030 и ја истакна важноста на доследна интеграција на целите за одржлив развој во националните стратешки документи и локалните планови.

Премиерот Заев во обраќањето ги запозна лидерите на форумот дека Владата на Северна Македонија за периодот 2018-2020 година, идентификуваше пет приоритетни цели за одржлив развој: SDG 1 – Без сиромаштија, SDG4 – квалитетно образование, SDG8 – пристојна работа и економски раст, SDG 13 – Климатска акција и SDG16 – Силни институции за мир и правда, кои, истовремено се и приоритетните активности и мерки дефинирани во Владината програма.

Тој нагласи дека во наредниот период, Република Северна Македонија ќе биде интензивно посветена на процесот за пристапување во членство во ЕУ, и со оглед дека Агендата 2030 за целите за одржлив развој е во иста насока, тоа претставува одлична можност да ги разгледаме нашите тековни стратешки документи, програми за да создадеме здрави јавни политики за нивно ефикасно спроведување во иднина и за реализација на целите за одржлив развој.

Дека дел од целите за одржлив развој веќе се имплементираат во дел од политиките на Владата на Северна Македонија, премиерот Заев посочи на мерките и реформите со кои директно ги враќаме буџетските пари на нашите граѓани, и со тоа се намалува нееднаквоста и им се помага им на оние на кои им е најпотребна финансиска помош.

„Да се намали нееднаквоста и да не оставиме ниту еден зад нас, е врвниот принцип на Владата на РСМ и на Министерството за труд и социјална политика. Успешното спроведување на социјалните реформи овозможи дури 30.000 домаќинства или околу 120.000 граѓани добиваат социјална помош повисока во просек за 300% во однос на 2016 година. Поддршката за младите е еден од нашите приоритети како земја. Обезбедување поволни услови за надградба, развој и вработување на млади се видливи преку нашиот Оперативен план за вработување. Владата обезбеди 17, 9 милиони евра за оваа година и тоа е најголема сума досега, три пати поголема во однос на 2014 година, издвоена за мерките за вработување на младите“, го информираше премиерот Заев Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-тото Генерално собрание на ОН, и додаде дека Република Северна Македонија е единствената земја која не е членка на ЕУ и воведе гаранција за млади. Оваа мерка е дел од европските политики и има за цел да им обезбеди на младите луѓе во рок од четири месеци од датумот на регистрација во Агенцијата за вработување квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или стажирање.

Претседателот на Владата на Северна Македонија ги запозна присутните на лидерскиот дијалог за создавање на нови работни места заедно со работодавците со мерките за поттикнување на развојот и иновациите на микро, малите и средни компании за да се создадат подобро платени работни места.

„Ние како Влада веруваме дека инвестирањето во компании за иновации и стартап компании ќе ги задржи младите луѓе во земјата и ќе ја намали економската миграција. Со цел да ја демонстрираме нашата јасна политика и подготвеност да ги следиме идеите на младите луѓе во развојот на нивниот бизнис, заедно со поддршка на Светската банка го зголемивме 7 пати портфолиото на Фондот за иновации и технолошки развој со сума од 39 милиони евра“, истакна премиерот Заев на Дијалогот на лидерите, во рамките на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-тото Генерално собрание на ОН.

Премиерот Заев информираше дека, во согласност со SDG13, ние правиме напори да спроведеме мерки што ги поддржуваат „зелените“ работни места и имплементацијата за енергетска ефикасност во зградите и снабдувањето со ниска количина на јаглерод.

„Владата ја заврши подготовката за вклучување во Зелениот климатски фонд и ќе го развие проектот за гасовод кој ќе биде аплициран за поддршка од фондот. Тоа произлегува и од нашата примарна одговорност да го обезбедиме својот пат за остварување на целите за одржлив развој. Република Северна Македонија ја потврдува својата заложба за спроведување на Агендата за 2030 година, и во таа насока јавните финансии, како домашни така и меѓународни, добро координирана донаторска помош, ќе играат клучна улога во обезбедувањето на основните услуги и јавните добра за да ја овозможат имплементација на целите“, рече премиерот Заев.

Во завршницата на своето обраќање, претседателот на Владата на Република Северна Македонија потсети дека остварувањето на глобалните цели за одржлив развој се заедничка визија на светот и заслужуваат да го забрзаме нивното спроведување.

„Агендата 2030 е наше ветување пред нашите деца и млади денес, дека тие ќе го постигнат својот целосен човечки потенцијал и ќе го носат факелот за одржлив развој за идната генерација. Наша е решеност е да одиме напред зашто секој придонес инспирира надеж!“, нагласи премиерот Заев во своето обраќање на Форумот на највисоко ниво на Самитот за целите за одржлив развој, како дел од програмата на 74-тото Генерално собрание на ОН.