Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев на средба со белгискиот премиер Мишел: Северна Македонија направи силен прогрес во реформите

Премиерот, Зоран Заев, во Њујорк се сретна со премиерот на Белгија и иден претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата Заев го запознал белгискиот премиер Мишел за актуелните активности на Владата поврзани со очекувањата на Европскиот Совет во октомври, Северна Македонија да го добие датумот за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Двајцата премиери низ разговорот на средбата потврдија дека Северна Македонија во последните две години направи исклучителен прогрес во остварувањето на реформските процеси дома, како и во остварувањето на стандардите во процесот за пристапување во членство во ЕУ, преку одличната соработка со европските институции“, се вели во соопштението.

Мишел ги поздравил досегашните успеси на Северна Македонија во процесот на остварување на европските интеграции и изрази надеж дека иницијативноста во таа насока ќе продолжи и во наредната фаза на преговори.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК