Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре дожд и температури до 29 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе биде од 5 од 13, а максималната од 22 до 29 степени.

Во текот на следната работна недела времто ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен втер.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +