23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ЕБОР ќе финансира надградба на патарините во Северна Македонија

Европската банка за обнова и развој со кредит од 13 милиони евра ќе го финансира подобрувањето на постојниот систем на патарини, како и новите станици за електронска наплата на нив. Надградбата ќе ги зголеми приходите овозможувајќи македонскиот систем на автопатишта да биде финансиран на поодржлив начин.

Со овој кредит ќе се финансира надградба на пет наплатни станици по должината на Коридорот 8, како и изградбата на три нови станици, сите поврзани со центарот за патарини во главниот град Скопје.

Покрај подобрувањата на наплатниот систем, ќе бидат инсталирани и соларни панели на сите 15 станици за наплата на патарината во целата држава, со цел да се промовира поголемо користење обновлива енергија. Овие панели ќе генерираат речиси половина од електричната енергија потребна да се одржуваат станиците.

ЕБОР има финансирано изградба и надградба на 8 станици за наплата на патарина по должината на Коридорот 10 вклучувајќи и инсталација на опрема за електронска наплата на патарина.

Кредитот на ЕБОР му е доделено на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Се планира унифицирање на двата система за патарина во систем што ќе биде целосно функционален.

До денес ЕБОР има инвестирано над 1,9 милијарда евра во 117 проекти во Северна Македонија.