11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За 4 години СЈО испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните

СЈО за 4 години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните, кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш почнуваше монтирана истрага. На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, но тие злоупотребија сè и беа маша за рекетирање.

Во медиумите излегоа информации дека Катица Јанева четири години примала месечна плата од бруто 120 илјади денари, а по основ на бонуси зела 250 илјади денари или вкупно 330 илјади денари месечно од буџетот биле одвојувани за Катица Јанева, која на крајот заврши во затвор поради рекетирањето.

Според информациите што беа објавени во јавноста, јавен обвинител во СЈО примал плата 120.000 денари бруто, односно 80.000 денари нето плус додаток од 160.000 денари секој месец.

Во медиумите видовме и прочитавме како во СЈО се вработувало непотистички и се вработувале партиски кадри на СДСМ. СЈО било претворено во институција за згрижување роднини и партиски лица.

По примерот на обвинителите во СЈО биле и службениците, кои примале плата повеќе од просечен јавен обвинител во ОЈО. Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување хајки и криминал. Одговорност за целото незаконско работење ќе има“, се вели во партиското соопштение.

Спонзорирано: