11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: На партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ денеска недостасуваа лозари

Денешната блокада на патот Прилеп – Градско од страна на фантомското здружение е уште еден неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација на земјоделците, велат од СДСМ преку соопштение.

„Денеска немаше никаков протест на лозари или овоштари туку очаен обид за искривување на реалноста од страна на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, донесен со автобуси пред Росоман.

Наместо лозари и овоштари на денешниот таканаречен протест беа присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

Колку Трипуновски и членовите на фантомското здружение блиско до ВМРО-ДПМНЕ се навистина загрижени за земјоделците покажува тоа што одбија да разговараат со министерот Трајан Димковски за состојбите во лозарството.

Тоа што од наводниот протест не произлегоа никакви барања потврдува дека проблеми со лозарите нема затоа што се решени и дека тоа е класичен партиски собир на ВМРО ДПМНЕ.

На ВМРО-ДПМНЕ денеска му недостасуваа лозари, бидејќи тие се задоволни од соработката со ресорното Министерство.

Пред почетокот на новата производствена сезона лозарите ги добија субвенциите за основната мерка за одржување на лозови насади. Се исплатија 9 милиони евра на 15.208 лозари.

Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.

Исплатени се над 1 милион евра на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби“ стои во соопштението.

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците и навремено исплаќање на финансиската поддршка.Без доцнење, без селекција, без тактизирање ги исполнуваме сите наши обврски спрема земјоделците.

Спонзорирано: