Митот за орелот кој кружи на интернет е стар онолку колку што постои оваа мноќна птица.
Се пренесувал од колено на колено како симболично објаснување за созревањето на човекот. Во тоа време човекот живеел во многу поголема усогласеност со природата, а растењето, животот и смртта тогаш можеле да се објаснат само со молитви и легенди.
Според овој мит, орелот, таа моќна птица живее речиси колку и човекот, но само ако го помине патот до болното умирање и повторното раѓање. Не е многу поразлично ниту со човекот. Негде во четириесетите, ако не и порано, и орелот и човекот одлучуваат по кој пат ќе тргнат, кон прерана смрт или кон долг живот.
Орелот има најдолг животен век меѓу птиците. Може да доживее и до 70 години. Меѓутоа, како би ја доживеал таа старост, орелот мора да донесе тешка одлука.
Кога ќе наполни 40 неговите долги и еластични канџи не можат веќе да ловат плен кој му служи за храна, а збиените перја му оневозможуваат лет.
Тогаш на орелот му остануваат две опции – или да умре или да помине низ болен процес промени кој трае 150 дена. Тој процес, од орелот бара да одлета на врв на планина и да седне во гнездо. Тука орелот со својот клун чука во камен сè додека клунот не му отпадне, орелот чека да израсне нов клун по што со новиот клун ги корне старите канџи. Кога ќе нараснат нови канџи, орелот почнува да ги отстранува своите стари пердуви.
И така по пет месеци, орелот полетува во лет на повторно раѓање и живее уште 30 години.
Митот за орелот говори за промените кои се случуваат кај речиси секој од нас во одредена животна доба.
Многу пати, како би преживеале мора да започнеме процес на промена. Би требало да се решиме од некои сеќавања, штетни навики, лоша околина… Единствено ослободени од товарот од минатото и засилени со верба во подобро можеме да ја искористиме сегашноста.