Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз за промена на изборниот модел

Од партијата Демократски сојуз информираат дека подготвиле предлог на Законот за промена на Изборниот законик, со кој се предлага територијата на државата да биде една изборна единица.

„Пропорционален изборен модел, со тоа што Македонија ќе биде една изборна единица, составот на парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓание, ќе се зголеми одговорноста на извршната власт и, конечно, ќе се демонтира еднопартискиот систем, каде што лидерот на владејачката партија и воедно премиер одлучува за сè“, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека заговарањето за враќање на мнозинскиот модел значи враќање на насилството на улиците.

Се очекува претседателството на Демократскиот сојуз вечерва да го утврди текстот на законот, а во текот на утрешниот ден да го достави до парламентот.

Можеби ќе ве интересира

Клековски во Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“: Над 40 милиони денари вложени во модернизација на установата, вклучувајќи ординација со општа анестезија

ДЕСК

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК