23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Интензивирање на реализацијата на проектите поддржани од УНЕП

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со претставникот на Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП) од Виена, Соња Геберт.

На состанокот се разговараше за статусот на тековните проекти кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува со поддршка на Програмата на Обединетите Нации за животна средина, а поддржани од Глобалниот Фонд за животна средина, као и за планираните идни проети.

Посебен акцент беше ставен на активностите кои се спроведуваат во рамки на ГЕФ 5 проектот „Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку воспоставување и ефикасно управување со заштитените подрачја и насочување на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“. Во рамките на овој проект, една од главните цели е проширување на заштитените подрачја во земјата, каде во завршна фаза се подготовката на Студијата за валоризација на природните вредности на Шар Планина и Социо – економската студија, а ќе следи и изработка на правната рамка за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје и План за управување со идното заштитеното подрачје.

Исто така, се разговараше и околу поддршката во борбата против опустинувањето и планираните идни активности кон постигнување на неутралност на деградација на земјиштето и придонесот кон исполнување на целите за одржлив развој.

Беа разменети искуства и околу третманот на отпадот кај нас и во земјите од регионот како и можностите Програмата на Обединетите Нации за животна средина да поддржи некои идни проекти, посебно во заштитените подрачја.