Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Работна средба на Димитров со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Во организација на амбасадорот на Чешката Република, земја која тековно претседава со Вишеградската група (В4), денеска се одржа работна средба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со амбасадорите на земјите од Вишеградската група.

Во оваа група покрај Чешка членуваат и Полска, Унгарија и Словачка.

Како што информираат од ресорното министерство, Димитров ги брифирал амбасадорите за последните внатрешно-политички случувања, резултатите во клучните реформиски области, а сето тоа во контекст на потребата од октомврискиот Совет на ЕУ да усвои одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство во Европската Унија.

Министерот се заблагодарил на досегашната поддршка на земјите од В4 на процесот на пристапување, како и на секоја од земјите од регионот поединечно.

Оваа поддршка неодамна беше уште еднаш демонстрирана преку одржување на првиот Самит на премиерите од В4 и Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК