Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Почина Хајан Селмани еден од најуспешните македонски претприемачи

Почина сопственикот на ИТ компанијата Haselt, Хајан Селмани кој важеше за еден од најпрогресивните македонски претприемачи, говорник, филантроп, учесник во многу акции, човек кој понудил извозни решенија во ИТ секторот.

Неговата Haselt која освен во земјава, има канцеларии во Америка и ширум Европа.

Хајан одржал најмалку 400 предавања и јавни говори на тема претприемништво, технологија и лидерство.

– Почитувани пријатели, соработници, партнери, познаници. Почитувани поддржувачи на ХАСЕЛТ. Со тешко срце и неверување Ве известуваме дека денес, 17.09.2019, почина нашиот најдраг Hajan Selmani.

Хајан беше човек со огромно срце и љубов за сите нас. Овој пост нема да биде голем бидејки Хајан беше човек доволно голем сам по себе.

Ќе го завршиме со неговиот омилен цитат: “Life is not about getting and having. Life is about giving and being”., соопшти компанијата Хаселт на нејзината страница на “Фејсбук”

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +