Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

По 28 пат ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

ЈУ. Детскиот културен центар – „Карпош “, од 19 до 22 септември 2019 година по дваесетиосми пат ќе го организира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ 2019 – симбол на пријателство меѓу децата. Во досегашново одржување на фестивалот, градот Скопје и Р.С.Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца-фолклорци.

На фестивалот се поканети гости од Р.Србија-Јагодина, Р.Грција, Р.Словачка и Р.Турција, а покрај гостите од странство ќе учествуваат и македонскиот ансамбли.

Пред централниот настан, сите гости тргнувајќи од ДКЦ – Карпош го започнуваат фестивалското дефиле кое завршува на плоштад Македонија.

Централниот настан ќе се одржи на 21 септември (сабота) на плоштадот Македонија од 18.30 часот, а ќе го отвори Градоначалникот на Град Скопје г-дин Петре Шилегов. Фестивалот ќе започне со најпознатите македонски игри и ора кои ќе ги изведат членовите на играорната секција од ДКЦ „Карпош.

Децата играорци преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења ќе ја претстават традицијата и културата на својата земја и по 28 пат ќе формираат едно големо „Оро без граници“.

Покрај официјалниот дел, на гостите ќе им бидат претставени атрактивни локации во Градот Скопје:Зоолошката градина, Музејот на илузии, Старата Скопска Чаршија и знаменитостите на Скопје.

Информацијата ја испраќаме заради навремено информирање на јавноста,а со тоа ќе се обезбеди афирмирање и посетеност на фестивалот.

Можеби ќе ве интересира

Доделување на наградата „Оливера Николова“ и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски

ДЕСК

„Матица македонска“ ја објави „Овие тивки, темни води“ од Кристина Мекдоналд, авторката на „Ноќта кога Оливија падна“, најпродаваната книга според USA Today

ДЕСК

Black Friday во „Литература.мк“ со попусти до 90% цел месец!

ДЕСК