Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

За еден ден казнети 145 возачи на мотори и автомобили во Скопје

Скопската сообраќајна полиција почнувајќи од вчера наутро, до раните утрински часови денеска спроведе зајакнати контроли за откривање на прекршоци кои ги прават возачите на улиците во главниот град.

Притоа полицајците санкционирале 21 моторџија кои сториле прекршоци.

Од МВР информираат дека откриени биле и 43 останати прекршоци за кои се издадени 24 прекршочни платни налози и 19 мандатни платни налози.

Во текот на саботата (14. септември), сообраќајната полиција спровела контрола и за откривање на возачи кои низ Скопје возеле со брзина поголема од дозволената. Притоа, евидентирани биле вкупно 37 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени биле и 44 останати прекршоци, за кои се издадени 27 прекршочни платни налози и 17 мандатни платни налози.

Можеби ќе ве интересира

Утре променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

C +

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК