Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Уште неколку дена сончево и топло, а од четврток промена

Времето денеска ќе биде претежно сончево, во источните делови на земјата со мала локална облачност и со умерен до зсилен ветер од северен правец, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Од таму додаваат дека во текот на ноќта ќе биде претежно ведро и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево време со мала локална облачност. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а температурата во текот на денот ќе се движи од 14 до 30 степени.

До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, а температурата ќе биде во опаѓање.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКИТЕ МЕРКИ – Пакетот опфаќа компании и лица поврзани со руската воена индустрија

ДЕСК

СУДЕЊЕТО НА РИСТОВ ПРОДОЛЖИ СО ДОКАЗИ – Наодите на одбраната ќе се разгледуваат дополнително

ДЕСК

ПОТВРДЕН ПЕТТИ СЛУЧАЈ НА МОРБИЛИ – Институтот проверува дали заразените се поврзани

ДЕСК