Една од најубавите работи кај децата е нивната искреност. Кај возрасните таа особина ретко може да се најде.
Децата се поинакви, искрени се, а од нивното срце зрачи посебна љубов.
Чарли е родена на 2 август 2017 година. Кратко по раѓањето, мајката на Чарли, Кристи Каен, и нејзиниот сопруг забележале дека нивната ќерка е родена глува.
Пред некое време побарале слушен апарат, кој го добиле, а Кристи неодамна споделила видео од девојчето Чарли кое по првпат го слуша мајчниот глас.
Кристи напишала дека не била сигурна дали Чарли воопшто ќе биде во можност да слуша кога лекарите и го вклучиле слушниот апарат. Тоа бил „чудесен момент“ .
„Ова беше неверојатно, не можам да го опишам со зборови“, напишала Кристи.
Се очекува Чарли наскоро да оди на операција за вградување на слушен имплант. Дотогаш, ќе продолжиме да го гледаме ова прекрасно видео.