23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

ХалкБанк открива 40 факти за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“

ХалкБанк и на 40-годишниот јубилеен Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се појавува во улога на партнер со цел поддршка на филмската традиција во земјава и значајните културните вредности.

Во таа насока ХалкБанк за времетраењето на реномираниот филмски фестивал – атрактивен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет, ќе ве води низ историјатот, почетоците и најзначајните моменти преку 40 факти, кои што сте ги заборавиле или воопшто не сте ги знаеле.

1. Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, што се одржува секоја година во Битола, организиран од Друштвото на филмски работници на Република Северна Македонија – ДФРСМ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.
2. Фестивалот е основан во чест и како инспирација од богатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки, Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964).
3. На 23 април 1979 година се одржале првите Денови на филмската камера „Милтон Манаки“. Одржувањето на оваа врвна филмска манифестација во Битола, денес е бренд на градот и државата и е вистинско место за една ваква манифестација на филмската култура.
4. Јанаки Манаки купил филмска камера од Лондон, во производство на компанијата „Charles Urban Trading“, и тоа бил 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Кинематографијата на Балканот почнала со таа Камера 300, и токму така се нарекува и главната награда на овој филмски фестивал.
5. Круна на фестивалската програма – „Златна камера 300“ е официјалниот натпревар на долгометражни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува интернационално жири составено од пет члена.
6. Досега, лауреати во Клубот на Великаните се, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвиси.
7. Покрај официјалниот натпреварувачки дел, сегмент од Фестивалот припаѓа на Програмата на краток филм, која нема натпреварувачки карактер и прикажува селекција од најдобрите остварувања на филмската продукција од последните две години.
8. Во рамките на Фестивалот, паралелно се организираат работилници, семинари, дебатни сесии и изложби.
9. Во месец март, 2019 година, Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ја доби меѓународната награда на Меѓународната асоцијација на кинематографери ИМАГО за исклучителен придонес за филмската уметност.
10. Денес, имајќи го предвид целокупното творештво, браќата Манаки и нивниот придонес кон развојот на филмската уметност се дел од европската култура, вклучително и универзалната историја на филмската уметност.