19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Здравствените работници ќе протестираат: „Не смееме да работиме во страв и во лоши услови“

Со паролата „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите!“, здравствените работници најавија протест, кој ќе се одржи в среда на 18 септември, со почеток во 11 часот.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари – АСМЛ, која стои зад протестниот собир, велат дека ќе бараат итно донесување закон за докторска дејност, законско изедначување на напад на медицинар со напад на полицаец и итно и сериозно организирање служби за обезбедување во секој здравствен објект.

„Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови! Времето на недејствување помина, време е државата да преземе итни мерки и да нè заштити, во спротивно организирано ќе престанеме со работа сè до решавање на овој проблем!“, порачаа организаторите во повикот за протестот.

Спонзорирано: