3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски брани криминал и ја поткопува истрагата за ‘Рекет’

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се загубија во посветеноста да ги одбранат криминалите на режимот и нивните тајкуните.

Покрај тоа што мавташе со наводни документи за искази и вештачења, во вчерашната изјава, Христијан Мицкоски случајно или не призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали од предистражни дејствија односно материјали од нелегално следење на комуникациите.

Поседување на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело, а оној што ги споделил таквите документи не може да биде свиркач туку вршител на кривично дело.

Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет.

Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец.

Христијан Мицкоски ги покажа неговите вистинските намери, да работи против правната држава, да ги кочи процесите и да го загрозат датумот за почеток на преговори со ЕУ.

Овие јалови обиди на Мицкоски да се попречи правдата и да се спасат криминалците од одговорност, со сигурност, пропаѓаат.

Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судството.

Спонзорирано: