Елад Строхмајер, портпарол на израелската амбасада во Вашингтон, ги отфрли тврдењата за евентуална шпионажа на Тел Авив во Белата куќа, нарекувајќи ги наводите „апсолутна глупост“, пренесува „Спутник“.
„Израел не спроведува шпионски операции во САД и тука завршува секаква дискусија“, рече портпаролот.
Од кабинетот на израелскиот премиер исто така негираа дека постојат какви било разузнавачки операции на американско тло, тврдејќи дека тоа е забранета практика.
„Тоа е одвратна лага. Постои долгогодишна посветеност и директива од израелската влада да не се вклучува во никакви разузнавачки операции во САД. Оваа директива строго се спроведува без исклучок“, одговори бирото.
ФБИ одби да го коментира извештајот, додека американското Министерство за внатрешна безбедност и тајната служба сè уште не одговориле на барањето за коментар.
„Политико“ објави извештај на 12 септември, цитирајќи неименуван поранешен американски административец, тврдејќи дека САД откриле уреди за прислуѓување на мрежата за мобилна телефонија во близина на Белата куќа и на други „чувствителни локации“. По форензичката анализа, ФБИ и другите агенции го Израел.
Според изворите на „Политико“, уредите, наречени „StingRays“ ги имитираат телекомуникациските кули и требало да ја шпионираат администрацијата на Трамп иако досега е нејасно дали овие обиди биле успешни. Откривањето, сепак, не доведе до скандал во односите меѓу САД и Израел или до какви било последици за Тел Авив.
Безбедноста на комуникациите на Доналд Трамп останува во прашање, па неколку медиуми известуваат дека ПОТУС користи небезбедни мобилни телефони. „Њујорк тајмс“ во октомври 2018 година дури тврдеше дека Пекинг ги шпионирал повиците на американскиот претседател.