Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заврши ерата на Јово Вангеловски во Врховниот суд

Со одлука на Судскиот совет по неколку одложувања беше разрешен контраверзниот Претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски поради несовесно и нестручно работење.

Вангеловски е кум на поранешниот претседател на Парламентот Трајко Вељановски од времето на ВМРО ДПМНЕ. Вељановски пак е осомничен за Црниот четврток – настаните од 27 април, и во моментов ја извршува функцијата пратеник.

Ваквата одлука беше донесена по иницијатива на невладината организација “Зелена Лупа” од Скопје.

Интересно е што сега Вангеловски има можност за жалба пред одлуката на Судскиот совет пред Врховниот суд, каде што до денес беше Претседател.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК