9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Викендов над 50 лица возеле низ Скопје без да имаат положено

Во текот на продолжениот викенд (6,7, 8 и 9 септември) на подрачјето на Скопје сообраќајната полиција казнила 109 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Покрај тоа, од сообраќај биле исклучени 76 возачи од кои: 53 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и осум возачи почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи.

Од сообраќај биле исклучени и 65 нерегистрирани возила.

Поради поминување на крстосница на црвено светло биле санкционирани 13 возачи, а четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци.

Во однос на пешаците, во текот на продолжениот викенд санкционирани биле двајца пешаци поради преминување улица надвор од пешачки премин.