Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пожари беснеат во Прилепско, жителите бараат помош

Гори нискостеблеста шума во Прилепско и Мариовско. На потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче од саботата гори нискостеблеста шума и трева, а другиот пожар е кај селото Крушеица.

Командирот на прилепската Противпожарна единица, Виктор Стојчески, изјави дека попладнево пожарот кај Крушеица е локализиран и оти во гаснењето било вклучено и месното население, а пожарот на потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче е непредвидлив поради ветрот.

Жителите стравуваат дека огнот може да дојде до нивните куќи.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ организира Меѓународна конференција „Скопска иницијатива“

ДЕСК

Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје – Скопје

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со згрижувачи и деца од СОС Детско село

ДЕСК