Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Од исходот од лидерската ќе зависи кога ќе се одржат седниците за законот за ЈО и разрешувањето на Јанева

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека од исходот на средбата што вечерва ќе се случи помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе зависи кога ќе се одржи седницата за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Доколку има договор, седниците би можеле да бидат закажани уште утре“, вели Џафери. Тој, сепак, пред новинарите истакна дека мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешувањето на Јанева.

„Ќе почекаме да видиме како ќе завршат разговорите, а од утре натаму не е спорно во кој било момент ќе се одржи седница за разрешување на Јанева“, изјави Џафери.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК