Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Од 1 октомври лековите на товар на Фондот ќе можат да се подигнат со рецепт и лична карта

Осигурените лица од 1 октомври годинава ќе можат да ги набават лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).

Од ФЗОМ информираат дека дотогаш, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар, како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на осигуреното лице.

„Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот систем и работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица“, велат од Фондот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +