Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Унијата на ЗМСТАС го осуди нападот на медицинската сестра

Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС-ЗА НАС, најостро го осудува нападот на медицинската сестра, кој вчера вечер се случи во поликлиниката во Драчево.

“Ова не е прв пат медицинските сестри да бидат изложени на напади. За жал, сметаме дека голема улога има и тоа што се уште немаме Закон за нашата дејност. До кога треба да се чека да се променат работите во нашата држава?
Се чини дека дискутираме само тогаш кога ќе се случат немили настани како овој“ реагираат од извршниот одбор на Унијата предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС.

Оттаму велат дека е недопустливо да се дозволи сестринската фела да биде изложена на нехуманост. Апелираат до надлежните, особено до Министерството за здравство, да ги преземат сите потребни активности за разрешување на случајот, но и пронаоѓање соодветно решение да не се повторуваат истите дејствија.

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК