Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Апсења низ Скопје – полицијата лиши од слобода четворица

Четири лица биле приведени вчера во Скопје откако полицијата ги фатила со дрога на улица.

Во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Марко Орешковиќ“ го лишиле од слобода 29-одишниот М.А. од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Во 17,50 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “23-ти Октомври“ ги лишиле од слобода С.П.(36) и А.Г.(36) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја, додека од улицата “Босна и Херцеговина“ полицајци го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Во 23,30 часот полициски службеници од СВР Скопје во близина на стадионот го лишиле од слобода А.Г.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Сите лица се приведени.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +