Centar.mk
КУЛТУРА

Вечер на филмски класици во Кинотека под отворено небо

Денеска во паркот на Кинотеката, со почеток во 20 часот филмофилите ќе имаат уникатна можност да проследат неколку наслови од филмската класика.

Со проекцијата на неколку странски и еден домашен филм под отворено небо, на класичните формати 16 мм и 35 мм, посетителите ќе имаат можност да се потсетат на киноатмосферата за време на летните периоди во Скопје, каде што пред неколку децении постоеле неколку летни кина под отворено небо.

Влезот на проекциите е бесплатен, а посетителите на настанот ќе можат да уживаат во избор од домашни крафт пива.

Прикажани ќе бидат неколку кратки филмови на браќата Луј и Огист Лимер кои се сметаат за никулци на документаристиката во филмот, понатаму филмот „Патување до месечината“, „Кабинетот на доктор Калиагари“ и „Македонска крвава свадба“.

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК