Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Прегазен пешак во Злетово

На 01.09.2019 во 07.35 часот на ул.„Македонија“ во с.Злетово, пробиштипско, патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарки ознаки, управувано од В.Т.(37) од с.Кнежево, кратовско, удрило во пешакот С.С.(73) од с.Злетово.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му била укажана помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК

ТРИ ИЛЈАДИ СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ – Рокот за пријавување истекува на 20 ноември

ДЕСК