9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Викендов 29 возачи фатени како возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатите денови (30 и 31.08 и 01.09.2019 ) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 110 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 80 возачи од кои: 29 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 44 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 51 возила бидејќи 39 биле нерегистрирани и 12 биле технички неисправни. Санкционирани се 10 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и девет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 102 мандатни платни налози и 80 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

Спонзорирано: