Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка кај Демир Хисар, има повредени

На 30.08.2019 во 19:55 часот на местото викано „Прибилечки кривини“, атар на с.Прибилци, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од с.Сладуево и патничко моторно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(41) од с.Вирово – Демир Хисар.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и неговиот сопатник М.С.(27), по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа на Полициската станица Демир Хисар.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Малолетничка жртва на полово вознемирување од страна на 57 годишен возач на комбе

ДЕСК

СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА РАСЧИСТУВА ИНЦИДЕНТ: Агресивно се однесувале кон вработени во општината и полициски службеници

ДЕСК