10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ОКТА – Финансиски резултати за прва половина од 2019-Висока профитабилност поткрепена од големиот обем на продажба

Финансиските резултати во првата половина од 2019 година бележат зголемена профитабилност, остварувајќи континуирано подобрување на обемот на продажба на домашниот и на странскиот пазар, вклучувајќи ја тековната оптимизацијата на оперативните трошоци како резултат на постигнатите оптимални органограмски активности, како и понатамошната рационализација на индиректните трошоци.

Според тоа, прилагодената ЕБИТДА, како главен показател за оперативната профитабилност на компанијата, достигна 157 милиони денари за првата половина од 2019 година, надминувајќи ги 152 милиони денари од истиот период минатата година. Приходите од продажбата изнесуваат 12.639 милиони денари и се повисоки споредено со истиот период минатата година (12.116 милиони денари). Добивката пред оданочување за првата половина од 2019 година достигна 39 милиони денари, надминувајќи ги 32 милиони денари за првата половина од 2018 година, како резултат на порастот на меѓународните цени на горивото, зголемениот обем на продажба на домашниот и на странскиот пазар, како и зајакнатата оперативна ефикасност во текот на 2019 година.

Ликвидноста на компанијата, поради промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое ѝ обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитните линии кои ги има на располагање.

Во вториот квартал од 2019 година, ОКТА трета година по ред продолжи со реализација на кампањата за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот, „Јас внимавам“. Во рамките на оваа активност се изработија едукативни видеа во кои се обработуваат најчестите причини за секојдневните сообраќајни незгоди. Преку објавување на видеата на социјалните медиуми се поттикнува поголема внимателност кај сите учесници во сообраќајот. Во текот на мај и јуни беа објавени огласите и се изврши изборот на тројца студенти од земјава кои ќе добијат стипендии за постдипломски студии на Универзитетот во Пиреја, Грција со што ОКТА уште еднаш ја покажа посветеноста кон развојот на младите генерации во државата.

Дополнително, раководството на ОКТА внимателно ги следи предизвиците и состојбите и преку проактивно планирање, постојано има цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со горива со највисок квалитет на локалните и соседните пазари. Во исто време, продолжува да ја движи компанијата напред преку искористување на можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.

 

2 квартал 20192 квартал 2018%

разлика

(во милиони денари)1 половина 20191 половина 2018% разлика
7.0266.9082%Приход од продажба12.63912.1164%
130149-13% Оперативни трошоци*262289-9%
998418%Прилагодена ЕБИТДА*1571524%
1073-86%Добивка пред оданочување393220%

*Еднократните ставки се исклучени