11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Со сметка од 50 евра, во Грција имате право да побарате враќање на ДДВ

Со секоја сметка во износ од повеќе од 50 евра, странските посетители и туристи, меѓу нив и македонските, може при излегувањето од Грција да побараат да им биде вратена сумата од ДДВ.

За сметки од 50 до 70 евра ќе ви бидат вратени 6 евра, додека, пак, од 70 до 120 евра сумата ќе биде 12 евра. Парите може да ги побарате или на фри-шопот на граничниот премин Богородица или, пак, на конкретните точки за враќање ДДВ за производи купени во странство во Скопје.

За споредба, на пример, во Кипар таа сума подолго време е 50 евра, во Португалија е 62 евра, а во Шпанија – 90 евра. Намалувањето на ДДВ се смета и за можност Грција да се приближи до европскиот просек околу оваа политика.

За да добиете повраток на ДДВ, неопходно е да имате соодветен формулар, кој го добивате штом побарате враќање на данокот при купувањето на производите.

Формуларот треба да се приложи на грчката царина и важи 90 дена, односно парите може да ги побарате во рок од три месеци.

Спонзорирано: