14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Партијата на Села со поддршка за штрајкот на наставниците, за состојбата ја обвинува ДУИ

Алијансата за Албанците, како политичка партија го поддржува штрајкот на наставниците и нивните барања за подостоинствена позиција во општеството. Од партијата на Зијадин Села велат дека тие во својата политичка програма посветиле посебно внимание на ова прашање.

„Бројот на наставници во РСМ само во основните училишта во учебната 2018/19 година беше 16.290 и имајќи го предвид бројот на наставници и во средните училишта, овој сектор е убедливо со најголем број вработени.
Луѓето кои се сметаат за ‘рбет на општеството се донесени во ситуација кога секоја учебна година тие мора да го користат штрајкот како единствен механизам за допирање до свеста на оние на кои им недостасува таа свест преку цела година“, велат од Алијансата.

Од партијата на Села додаваат дека одговорноста за ваквата позиција на наставниците е на партијата што со години го водеше ова министерство. Од 2002 година до денес имало само промена на министрите на ДУИ, но немало промена на позицијата на наставникот, додава Алијансата.

„Го потсетуваме сегашниот министер дека тој не може да ги замоли наставниците првиот ден на училиште да биде ден на радост за оние кои со своите плати ја немаат таа можност да уживаат со своите деца. Наставниците во РСМ имаат најниски плати во регионот и како илустрација ќе наведеме примери на неколку соседни земји. Просечната плата на наставниците во Албанија е 477 евра, во Косово 459 евра, додека во РСМ е 365 евра. Му предлагаме на министерот наместо да ја зголеми платата за 1000 ден. да ги усогласи платите на наставниците со оние на регионалните земји, бидејќи останавме последни“, велат од партијата на Села преку соопштение.

Спонзорирано: