Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Табановце за излез од земјава се чека до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во попладневното соопштение.

Во него се додава дека забележана е зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, каде што времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.

На другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК