Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Власта и се одмаздува на опозицијата со планот Б

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од Берово денеска испрати порака дека власта се обидува да и се одмазди на опозициската партија со најавениот план Б за законот за Јавното обвинителство со кој треба се реши статусот на СЈО. Тој денеска го повтори ставот на партијата и побара оставка од министерката за правда Рената Дескоска, пренесе Радио Слободна Европа.

„ Таа со нејзината вчерашна прес конференција наместо да ја искористи приликата и да им се извини на граѓаните на Македонија поради непријатните моменти како прегрнување и непосредности со Боки Тредичи за да даде оставка. Таа напротив повикува и на омраза и на освета кон опозицијата неводејќи сметка да направи реформи во судството во обвинителството. Нејзината цел е да најде начин да се пресмета со опозицијата“ изјави Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК