Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пожарот во Опеница ставен под контрола

Пожарот во селата Опеница и Расино кај местото викано Јасика, Охрид, каде што гори борова шума, е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи.

Во текот на вчерашниот ден за гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумско стопанство (ШС) Галичица, ШС Кичево и ШС Ресен, со специјализирани возила за гасење, 10 пожарникари со три возила од ТППЕ Охрид, како и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот во Опеница, кое се наоѓа на 8 километри од Охрид, избувна во саботата, а силниот чад се ширеше кон градот. Поради тешко пристапниот планински терен, гаснењето на пожарот е отежнато.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК