Centar.mk
ЛОКАЛНО

Без вода населбата Лисиче и дел од Шуто Оризари

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува своите корисници дека како резултат на изведување технички зафат од 7.30 часот до завршување на интервенцијата, водоснабдувањето ќе биде прекинато во целата населба Лисиче.

Во тој период ќе бидат инсталирани затворачи, кои во иднина ќе обезбедат парцијален прекин на водоснабдувањето, односно само во деловите каде што евентуално би се појавил дефект. Со ова ќе се надмине досегашниот проблем за прекин на водоснабдувањето во целиот реон.

Поради дефект на ППХ од ф – 80 мм на ул.Индира Ганди б.б, во периодот од 9 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Индира Ганди во општина Шуто Оризари.

Можеби ќе ве интересира

Општина Аеродром изрече забрана за работа на два угостителски објекта

C +

Ученици од “Кочо Рацин” во посета на локалната самоуправа

ДЕСК

Градоначалникот на Битола на прославата на патрониот празник и големиот јубилеј на градинката “Естреја Овадија Мара”

ДЕСК