Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Многумина можеби го направиле ОВА со фискалните сметки и Мој ДДВ, но е строго забрането

На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ.

Пример дали може фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата да се искористи и скенира преку апликацијата Мој ДДВ при што би се направил поврат на личната сметка.

Одговорот е дека ова е строго забрането и казниво согласно закон.

Фискалните сметки издадени за компанија, се прикачуваат на сметкопотврда и понатаму се книжат, па многу лесно инспекторите можат да откријат доколку некој граѓанин ги искористил фискалните сметки на компанијата и за сопствените потреби.

Со цел граѓаните да не се соочат со казна кои направиле ваква грешка, деновиве преку обновената апликација за Мој ДДВ ќе може да направат сторнирање односно бришење на ваквите фискани сметки.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +