Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места во Владата.

Тој синоќа по завршувањето на Централниот одбор на СДСМ најави дека денеска до Собранието ќе достави предлог за избор на нови функционери. Нина Ангеловска, сопствениката на „Групер“ ќе биде предложена за министер за финансии, а Кире Колемишевски за заменик министер за економија.

Заменик министер за образование и наука ќе биде Елизабета Наумовска, а досегашниот заменик министерот за економија Кире Наумов, ќе биде директор на Македонската Банка за поддршка и развој. Заменик министер на новото министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде Неџат Мехмедовиќ.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +