Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се “искршија” три автомобили кај Огњанци – има повредени

На 22.08.2019 во 15,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Петровец-с.Огњанци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Огњанци, патничко моторно возило „Рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А. (63) од с.Огњанци и патничко моторно возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(52) од с.Огњанци.

Во незгодата со телесни повреди се здобил А.С., а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило А.А.(55) и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +