8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шпигел: Бизнисменскиот тајкун од Северна Македонија, лице на корупција и организиран криминал?!

Јордан Камчев наместо бизнисмен за германскиот „Шпигел“ стана симбол на корупција и организиран криминал. Во вчерашното издание германскиот „Шпигел“ ја оценува состојбата во земјава по најголемиот земјотрес „Рекет“ во кој удел има токму Камчев како уценувано лице. Во текстот бизнисменскиот тајкун од Северна Македонија е опишан како корпоративен конгломерат во секторот финансии, медиуми, енергија и градежништво, а истовремено и лице на корупција и организирани криминал, пишува Шпигел, а пренесе Iportal.mk.

Камчев како што пишува „Шпигел“ голем дел од богатството го стекнал во време на владееењето на поранешниот премиер Никола Груевски од кого добил „милиони нарачки во милиони“. Негов главен партнер се вели во текстот е „застрашувачкиот началник на разузнавачката служба Сашо Мијалков, директор на режимот на Груевски.“

Овие партнери во бизнисменските зделки се и централните фигури во случајот „Империја“ кој го отвори СЈО. Имено станува збор за случај во кој неколку осомничени сториле кривични дела во периодот од 2002 до 2013 година. Се работи за основано сомневање за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело. „Шпигел“ пишува дека двајцата бизнисмени наместо во затвор биле во домашен притвор и на слобода со одлука на Специјалната обвинителка Катица Јанева, која ја искористила нивната финансиска моќ. Потврда за ова се видео и аудио снимките на кои Јанева вели „се ќе биде добро“.

За германскиот весник засега е нејасно како овие снимки стигнаа до италијанскиот весник „Ла Верита“ кој се поврзува со италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвинии и која придобивката за нив од објавувањето на овие компромитирачки материјали.