Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата.

До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и Рашче дојде вчера, при што била зафатена нискостеблеста шума. Околу 21.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Вчера напладне во Полициското одделение Сарај било пријавено дека избувнал пожар кај селото Кондово. Во пожарот била зафатена борова шума. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК